Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави во вторникот дека зголемувањето на воената помош на НАТО за Украина ја приближува Третата светска војна.
Коментирајќи го првиот ден од самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, каде што бројни земји ветија повеќе оружје и финансиска поддршка за Украина, Медведев рече дека помошта нема да ја одврати Русија да ги постигне своите цели во Украина.
„Целосно лудиот Запад не можеше да смисли ништо друго. Всушност, тоа е ќорсокак. Третата светска војна е се поблиску“, напиша Медведев на комуникациската платформа Телеграм.
„Што значи сето ова за нас? Сè е очигледно. Специјалната воена операција ќе продолжи со истите цели“, додаде Медведев.