Пожарот што избувна во раните утрински часови во нафтена рафинерија во сибирскиот град Ангарск е изгаснат, изјави гувернерот на руската област Иркутск, каде што се наоѓа градот.
„Веднаш да кажам – нема жртви“, изјави гувернерот Игор Кобзев преку комуникациската платформа Телеграм.
Причината за пожарот засега не е позната.