На Бен Афлек најважно му е што мислат неговите деца за него.
Говорејќи во интервју за „Добро утро, Америка“ минатиов викенд, актерот рече: „Единствената биографија на која ѝ е нешто потребно е напишана на срцата на вашите деца“.
Во текот на гостувањето во емисијата, Афлек продолжи да истражува во интимните детали за татковството, неговата трезвеност, и „вторите шанси“ по борбата со зависноста.
49-годишниот актер од „Последниот дуел“ откри дека неговите деца го прават подобра личност.Тој стравува да не им пренесе некои од неговите „погрешни чекори и неуспеси“, како што рече.
Афлек се наврати на грешките што ги направил во минатото, меѓу кои и злоупотреба на опијати, па дури и некои коментари на сметка на поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
На крајот тој заклучи: „Работите што ги правам како татко секогаш ќе ја дефинираат мојата вредност како личност“.