СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ќе поднесе кривична пријава против З.Т.(45) од општина Илинден поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
По преземени мерки и извршено вештачење било констатирано дека тој со употреба на сила влегол во куќа на подрачјето на Кисела Вода и одзел предмети. Лицето било лишено од слобода и со него бил извршен службен разговор.