Во екот на сезоната од „големата преселба на народите“, македонската Царина за сите оние кои патуваат по разни основи надвор и се враќаат во државата на својата фејсбук страна излезе со подолг список како потсетување што можат граѓаните да носат со себе при влез и излез, а да не мораат да платат царина и ДДВ.
Еве што стои во фејсбук објавата:
ШТО МОЖЕТЕ ДА НОСИТЕ ПРИ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА?
👉ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН
- 200 ЦИГАРИ
- 100 ЦИГАРОЛОСИ
- 50 ПУРИ
- 250 гр. ТУТУН
👉ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
- 2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%
- 1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%
👉ДОЗВОЛЕН ВНЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА
- ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €
ИЗНОСОТ ОД 2-10.000 € ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИТЕ И ДА ПРИЛОЖИТЕ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО ОД БАНКА ИЛИ МЕНУВАЧНИЦА - ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €
СЕКОЈ ИЗНОС НАД 10.000 € ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ
👉ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ
- ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ
- ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ
👉ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
СТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ
ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
- (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)
👉ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИ
ЗА СЕКОЈ ДОМАШЕН МИЛЕНИК СОПСТВЕНИКОТ ТРЕБА ДА ИМА:
- ПАСОШ
- ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ