Во Париз денеска се одржува традиционална воена парада по повод националниот празник – Денот на падот Бастилја.
На парадата учествуваат повеќе од 5.000 луѓе, а повеќе од 100.000 полицајци се распоредени низ целата земја, пренесува АП.
Парадата ја отвори оркестар составен од 80 музичари од Франција и 13 од партнерските земји, вклучувајќи ги Канада и Германија.
Почесен гостин на овогодинешната парада е индискиот премиер Нарендра Моди, со што се продлабочуваат односите меѓу двете земји, кои денеска слават 25 години „стратешко партнерство“.
Моди, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, седи на трибината, од каде ја следи парадата во која учествуваат и повеќе од 200 индиски војници.
При пристигнувањето на францускиот претседател дел од насобраните граѓани го исвиркаа барајќи негова оставка.
Празникот Денот на падот на Бастилја се слави на денот на сеќавање на уривањето на парискиот затвор Бастилја на 14 јули 1789 година, што беше еден од клучните моменти во француската буржоаска револуција