Првиот носител на тенискиот гренд-слем турнир Вимблдон, Шпанецот Карлос Алкараз без проблеми го мина во полуфиналето со Русинот Данил Медведев 3:0 (6:3, 6:3 и 6:3) и избори настап во финалето против актуелниот победник, Србионот Новак Ѓоковиќ. Финалето на Вимблдон е закажано за в недела од 15:00 часот.
Првиот светски рекет според АТП ранг листата, младиот Алкараз во денешното полуфинале му одржа тениска лекција на Медведев во меч кој траеше помалку од два часа.
Шпанскиот ас уште еднаш потврди дека се подобро се снаоѓа и на трева и сосема заслужено за првпат во кариерата да се бори за пехарот на овој престижен турнир. Во сите три сета резултатот беше идентичен 6-3 што јасно ја покажува доминацијата на Карлос во оваа пресметка со Русинот.
Алкараз ќе се обиде да дојде до втората гренд-слем титула во кариерата, а рекордерот Ѓоковиќ ќе атакува на 24. пехар од овие престижни четири сезонски турнири.