Ремонтот на тимот на холандскиот фудбалски гигант Ајакс продолжува откако клубот од Амстердам вечерва објави дека го раскинува договорот со капитенот, српскиот репрезентатвец Душан Тадиќ. Српскиот интернационалец имаше уште една година од актуелниот договор, но самиот побарал да замине бидејќи во потезите на раководството не препознал амбициозност. Се распродават најдобрите фудбалери, а не се ангажираат соодветни замени.
Откако беше продаден и Тимбер, а најавено е и заминување на Алварез, Тадиќ како капитен имал жесток разговор со клупските директорипо што следувала одлуката за предвремен раскин на догворот.
„Душан Тадиќ веднаш го напушта Ајакс. Клубот ја почитува желбата на фудбалерот за предвремен раскин, иако имаше договор до јуни 2024 година“, објави Ајакс на официјалната веб-страница.