Потпретседателот на ДУИ и еден од лидерите на „огнената група“ , Изет Меџити, во гостување на албанската телевизија Визион плус најави нов политички субјект за на следните избори и порача дека со неговите истомисленици се на ставор – или да си формира ново политичко движење или да си отидат дома.
-Тоа нема да биде класична партија. Сигурно ќе биде демократско движење кое поинаку ќе го артикулира различниот глас, гласот ’против’ внатре во ДУИ и тоа нема да биде лошо за Албанците во Македонија. Ако има предвремени или регуларни избори кои треба да се одржат следната година, ќе има позитивна промена, според моите предвидувања. Досега имаше една моќна партија ДУИ и мали албански партии кои не ја играа улогата на опозицијата. Сега мислам дека ќе има два албански политички блока, ќе има моќна позиција и опозиција кои нужно ќе произведат поголем ефект за движењето на албанското прашање, рече Меџити, а неговата изјава ја пренесува „360 степени“.
Според Меџити, освен Мерко, на црната листа на САД ќе се најдат и други личности од ДУИ.
-ДУИ е единствената партија во моментот која се најде на американската црна листа за корупција и мешање во судството. Се шпекулира дека ќе има и други личности. Значи, за ДУИ во моментов се зборува за корупција, за мешање во судството, за кршење на партиски статут, за борба против различните мислења, изјави Меџити.
Сепак неговата идеја за нова партија не ја поддржуваат другите членови на „огнената група“, меѓу кои градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта.