Раперот Канје ‘Је“ Вест купи повеќе од 4.000 играчки за деца во неговиот роден град Чикаго, кои беа дистрибуирани во неделата.
Неговата донација е во рамки на добротворниот настан „Играчки за Енглвуд“ (Toys for Englewood) што се одржа во Kennedy King Gymnasium, објави „Еј-би-си 7 Чикаго“.
„Толку сум горда што Канје уште еднаш одговари на нашето барање да им помогне на децата од Енглвуд и пошироко“, изјави Стефани Колман, старешина во градскиот совет.
„Тој не ѝ е непознат на нашата заедница. Неговото присуство отсекогаш се чувствувало во нашите маала и сака да ги посетува, но овој Божиќ тој навистина беше нашиот модерен Дедо Мраз,“ рече Колман.
Таа додаде: „Вест е херој на родниот град кој секогаш е подготвен да помогне во потребите на заедницата“.