Поради сушата, милиони граѓани во Уругвај останаа без вода за пиење

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани на таа земја останаа без вода за пиење.

Повеќе од половина од вкупно 3,5 милиони граѓани на Уругвај немаат пристап до вода од водоводната мрежа, а експертите предупредуваат дека таквата ситуација може да продолжи со месеци, пишува лондонски Гардијан.

Три последователни сушни години речиси го испразнија главниот резервоар со свежа вода што го снабдува главниот град Монтевидео, а за да се избегне недостиг, државната компанија која управува со водните ресурси постепено ги надополнува резервите на вода од Рио де ла Плата од почетокот на оваа година. 

Некои експерти предвидуваа ваква криза уште пред неколку години и укажаа на ранливоста на резервоарот од кој се снабдува со вода областа околу главниот град Монтевидео.

Сепак, според стандардите на Латинска Америка, Уругвај беше земја со високи приходи и се сметаше дека има изобилни водни ресурси, па предупредувањата дека резервите на вода се трошат се сметаа за катастрофални предвидувања и инвестирањето во нови извори беше одложено. 

Треба да знаете
Последни објави