Премиерот на Косово, Албин Курти не го интересира мирот, дури не го интересира што мислат Соединетите Американски Држави за него, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Курти сака да биде тој што влегува во конфликтот со Србија, бидејќи тоа му недостасува во биографијата, да биде некој што може да каже: „Еве ме, јас сум воен водач“, а не само Хашим Тачи, рече Вучиќ.
„Најпредизвикувачки е да работиш со поединци кои не се однесуваат рационално и имаат цели кои ги надминуваат вообичаените и препознатливите“, истакна Вучиќ.