Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години ја совлада Укарина (66:53) во полуфиналето на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје и во финалето утре (21 ч.) ќе играат против подобриот од дуелот Шведска – Чешка. Македонија со овој постигнат пласман веќе обезбеди и пласман во А дивизијата каде се враќа во друштво на најдобрите европски селекции по 16 годишна пауза.
Македонските надежи без еден од своите најдобри кошаркари Андреј Митревски имаа се шпод контрола на дуелот со Украина. Работите во свои раце ги презема Резарт Мемед кој натпреварот го заврши како најефикасен играч со 24 поени.