Утре во Тирана ќе се оддржи неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, закажан за 16 октомври во албанскиот главен град.
На состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.
– Средбата ќе се одржи во понеделник напладне околу 12 часот во владината вила 30. До денес единствено не е потврдено присуството на косовскиот премиер Албин Курти, јави АБЦ њуз.
Таа средба Рама ја најави за време на неодамнешната дводневна балканска турнеја, во чии рамки ги посети Скопје, Приштина, Подгорица, Сараево и Белград