Ново предупредување во Аљаска, се активира вулканот Шишалдин, исфрла голем облак од пепел

Американскиот геолошки институт (USGS) на својата веб-страница објави дека утринава разорен земјотрес ја погоди сојузната држава Алјаска.

Според USGS, земјотресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 106 километри јужно од Сенд Поинт.

Aмериканските власти исдадоа предупредување за цунами.

„Дејли мирор“ пишува дека во исто време кога било издадено предупредувањето за цунами, опсерваторијата за вулкани на Алјаска соопшти дека има нова закана од локално активниот вулкан Шишалдин, кој исфрли голем облак од пепел.

Ерупцијата на вулканот Шишалдин се засили. Површината на пепелта се искачи до 4,6 километри надморска височина – наведе оваа организација.

Треба да знаете
Последни објави