Четворица капачи се повредени денеска во одвоени напади на делфини на плажа во централна Јапонија, соопштија властите. Маж на околу 60 години рано утринава се здобил со скршеници на ребрата кога бил нападнат од делфин на популарната плажа Суишохама во градот Михама кога делфинот го каснал и за раката, јави Би-Би-Си.
На истата плажа утрово делфин бил каснат за рака уште еден маж на околу 40 години. И уште две лица се повредени во напад на делфин подоцна денеска.
Шест такви напади се пријавени во префектурата Фукуи оваа година, соопшти локалната полиција. Поставени се знаци кои ги предупредуваат капачите да не им приоѓаат и да не ги допираат делфините.
Делфините обично не се агресивни кон луѓето, но се познати нападите на овие животни врз пливачите. Научниците сугерираат дека за делфините, пливањето покрај луѓето ги нарушува нивните рутини на однесување.