Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, известува АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.