Шумските пожари се шират во Грција, ситуацијата ја влошуваат силните ветрови

Во Грција се уште има активни шумски пожари, а силниот ветер и високите температури ја отежнуваат ситуацијата за екипите на терен.

Пожарот се проширил во населените места во регионите Лутраки, Анависос и Саронида, каде изгореле многу куќи. Во регионот Дервенорија, на околу 40 километри од Атина, битката со огнената стихија траела цела ноќ.

Официјални лица изјавија дека пожарот постојано расте поради силните ветрови во областа.

Во Дервенорија изгореа илјадници хектари шума.

Претставници на грчката противпожарна служба соопштија дека во гаснењето на пожарот учествувале хеликоптер, шест противпожарни возила, 140 пожарникари и 48 возила.

Грчката метеоролошка служба предупреди и дека опасноста од пожар и денеска е голема.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас изјави дека вчера, 17 јули, избувнале шумски пожари на 81 локација.

Кикилијас изјави дека во врска со пожарите се приведени две лица.

Треба да знаете
Последни објави