Деветгодишно момче паднало од прозорец во Германија, градоначалникот се упатил на местото на несреќата, но добил срцев удар и починал

Градоначалникот на германскиот Ајденба, Карл Обермаер, починал од срцев удар откога пристигнал на местото каде што е тешко повредено 9-годишно момче, пренесува магазинот „Феникс“.

Според соопштението на полицијата, деветгодишното момче е тешко повредено кога паднало од светларник.

68-годишниот градоначалник Карл Обермаер се упатил кон местото на несреќата како и секогаш кога ќе се случи голема несреќа. Кога пристигнал на местото на несреќата, констатирал дека момчето е тешко повредено, но брзата помош веќе му помагала и е надвор од животна опасност.

Кога завршил со спасувањето на детето, градоначалникот паднал на земјата. Тој починал во возилото на брзата помош на пат кон болницата. Според лекарите, причина за смртта е акутен срцев удар, јавува „Слободна Далмација“.

Политичарот на ЦСУ, Карл Обермаер, беше на функцијата 15 години. Заменик-градоначалникот на Ајденбах изјави дека бил полн со енергија и ентузијазам за акција до самиот крај. За време на неговиот мандат, тој дал голем придонес за заедницата, меѓу другото, воодушевил со постапката кога му напишал јавно писмо на баварскиот премиер Маркус Седер барајќи од него да престане со „бирократското лудило“ во неговата сојузна држава.

Но, пред сѐ, пишуваат германските медиуми, се одликувал со подготвеноста да им помогне на другите, што го правел до последен момент.

Треба да знаете
Последни објави