Меган Маркл фотографирана во дневно издание

Иако сме навикнати познатите да ги гледаме во елегантни и скапи тоалети, сепак и тие како и секој обичен човек секојдневните обврски ги извршуваат во опуштени комбинации на облека.

Така папараците неодамна ја фотографираа Меган Маркл како купува цвеќе на пазарот во Монтесито, а таа ги воодушеви сите со својот лежерен стајлинг.

Со оглед на тоа што го шеташе своето куче и на пазар, Меган се одлучи за ленен фустан над кој носеше бела кошула.

Кога станува збор за обувките, таа носеше влечки, но чантата што ја носеше сепак беше ѕвезда на стајлингот.


Треба да знаете
Последни објави