„Уставни измени под бугарски ултиматум нема да се случат во Собранието на Република Македонија. Оваа пратеничка група е хомогена и дише како едно и секојдневно комуницираме така да јавноста треба да биде мирна бидејќи уставни измени нема да се случат”, истакна пратеникот од коалицијата за „Обнова на Македонија” Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „За или Против” на Телевизија Алфа.
Тој истакна дека ова што се прави практично е еден театар што се случува во државата бидејќи на секого му е јасно дека уставни измени нема да има.
„Ниту се плашиме од закани, уцени, ниту не интересираат нивни дарови, едноставно таква комуникација нема за вие да имате било каква комуникација треба да има било какво двоумење но ниту еден пратеник нема двоумење за тоа како ќе постапи во следниот период. Уставни измени нема да се случат, јавноста треба да биде смирена бидејќи власта нема да гледа таков филм со оваа пратеничка група”, кажа Пренџов.
Тој посочи дека несериозно од претседател на држава е да ако 80 проценти од граѓаните се за или против определено политичко решение тој да каже дека не ги разбира.
„Ако Пендаровски не ги разбира нашите аргументи го поттикнувам и охрабрувам повторно да се кандира за претседател на државата бидејќи му е прв мандат и смета дека е успешен тогаш кога ќе го побара вториот мандат и кога дестинацијата нема да му биде Вила Водно, Влада и да отиде помеѓу граѓаните тогаш да разбере дека 80 проценти вклучувајќи ги и тие што го гласале него за претседател не ги разбираат неговите аргументи”, вели Пренџов.
Тој додаде дека ако се погледнат анкетите тогаш ќе се види дека 75-80 проценти од луѓето и кои што гласале за СДСМ се против промена на Устав под бугарски диктат. Сопственото членство е против оние уставни измени, од она кое што тој го гледам и слуша има и некои пратеници од владејачкото мнозинство кои нема да ги поддржат Уставните измени.
„Не ги чувствувам за притисок странските гости и средби. Јас бев присутен на средбата со тројца министри на Европската Унија каде се разговараше и ги кажавме нашите аргументи и мислам дека ги разбраа нашите аргументи бидејќи тие беа поткрепени со многу факти”, кажа Пренџов.