Јавна дебата за Националната стратегија за менталното здравје на младите, денеска ќе се одржи во Собранието, во салата „Борис Трајковски“, со почеток во 11 часот.
Покрај тоа, закажани се и седници Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, за во 10 часот, и Комисијата за одбрана и безбедност, во 12 часот.
Во Парламентот, во 13 часот, треба да се одржи настан на Клубот за младински прашања и политики, на кој ќе биде претставен финалниот документ со конкретни препораки и предлози за идното дејствување на Клубот за младински прашања и политики на Собранието 2023/2024 година.