Џанлуиџи Донарума, голманот на Пари Сен-Жермен, и неговата девојка Алесија Елефанте биле ограбени во нивниот дом во Париз.
Хоророт се случил во ноќта меѓу четвртокот и петокот, а крадците однеле работи вредни 500.000 евра.
Сепак, како што пренесува порталот „Акту 17“, тие го преживеале хоророт. Наводно ги соблекле, а потоа ги врзале.
Успеале да побегнат и да најдат помош во луксузен хотел околу 3 часот по полноќ.
Од хотелот веднаш повикале полиција и итно биле пренесени во болница на прегледи. Досега никој од нив не се огласил.