Бугарија презема контролата над нафтен терминал од руската компанија Лукоил

Бугарскиот Парламент денеска донесе одлука за откажување на концесијата на руската нафтена компанија Лукоил за управување со нафтениот терминал Розенец, во близина на пристаништето Бургас на Црното Море.

Предлог-законот е изгласан во прво читање. „За“ гласаа 144 пратеници од 240-члениот Парламент.

Договорот предвидува и дека на Лукоил ќе му биде дозволено да го користи нафтениот терминал и по завршувањето на концесијата, но потоа ќе треба да плаќа даноци на бугарската Влада.

Одземањето на концесијата треба да го забрза влезот на земјата во Шенген зоната на Европска Унија без гранични контроли. 

Треба да знаете
Последни објави