Поранешната ѕвезда од НБА-лигата, Кемба Вокер е најново засилување на францускиот евролигаш Монако.
Вокер во минатото играше за Шарлот, Бостон, Њујорк, Далас и во НБА-лигата одигра 750 натпревари, па без сомнеж ќе биде големо засилување за Монако поради неговото големо искуство.
Овој 33-годишен плејмејкер ќе му се приклучи на Мајкл Џејмс Пери со кој заедно ќе се обидат да му ја донесат титулата на Монако.