Нема вода во целата област на Нови Сад бидејќи градската фабрика за вода е во дефект по силното невреме.
Во некои делови од градот повремено снемува струја.
Исто како и пред два дена, бурниот ветер кршеше дрвја и уриваше бандери. Дрво паднало врз продавница за тутун и во тек е извлекување на работник кој бил во неа.
Ветерот ги носел и покривите, па го однел покривот на новосадскиот саем и оштетил покриви на две околни училишта.