Караванот „Остави трага“, кој има за цел да ги мотивира младите, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со третиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Дојран на 22.7.2023 година со почеток во 19:30 часот во паркот кај Општината („Кај јаворите“).
Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат:
- Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
- Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата
- Н.Е. Г-н Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција
- Сања Лукаревска, директорка на УЈП
- Нева Грашиќ, советничка во Владата на Словенија
- Василка Салевска Трајковска, менаџерка вокомпанија „Филип Морис“
- Бленди Ходаи, претседател на ФОП
- Назли Чан, асистентка на ИБУ Универзитет
- Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје
Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. Настанот ќе го модерира Огнен Јанески, а официјално ќе го отвори групата „Шербет“. За време на настанот ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, ќе изготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.
Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.