Полициската станица Гази Баба поднесе кривична пријава против И.А.(39) од с.Страчинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба”. По преземени мерки и активности и извршено вештачење било констатирано дека тој извршил по две тешки кражби во куќи и продажни објекти. На 21.07.2023 во 06.30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата, по што во консултација со јавен обвинител му е поднесена пријавата. И.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.