Руски воен дописник загина, а тројца новинари се ранети во борбената зона кај Запорожје во јужна Украина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека новинарите се жртви на украинско гранатирање со касетна муниција, пренесува ДПА.
Ростислав Журављов, дописник на руската државна новинска агенција Риа Новости, им подлегнал на повредите на пат кон теренската болница. Повредени се фоторепортер кој работи за Риа Новости и двајца новинари на дневниот весник Известија. Повредените се пренесени во болница Мелитопол, кој е под контрола на руските сили.
Инцидентот се случил во областа Пјатихатски јужно од Запорожје
Украинската војска, пак, соопшти дека селото Пјатихатки е ослободено во рамки на контраофанзива што почна во јуни. Сепак, нагласуваат дека се уште се водат жестоки борби во областа, каде украинските трупи се обидуваат да ги пробијат силно утврдените руски одбранбени линии.