Нетфликс снима документарна серија за судењето на Џони Деп против Амбер Херд

Нетфликс потврди дека нова документарна серија која се фокусира на судењето на Џони Деп против Амбер Херд доаѓа на платформата за стриминг ова лето.

Како што пишува Index.hr, документарната серија од три дела ја режираше Ема Купер, чија цел беше да прикаже „неутрален поглед на она што се случува кога судот на јавното мислење ќе почне да ја засенува реалноста“. За да се направи серијата, беа собрани 200 часа снимки од судењето за клевета, со видеа на ТикТок и коментари на Твитер за случајот.

„Серијата ја истражува улогата на социјалните мрежи во судењето, поставувајќи провокативни, непријатни прашања за тоа како разговорите надвор од судницата можеби влијаеле на исходот“, се вели во синопсисот.

Случајот заврши на 1 јуни 2022 година, кога седумчлената порота пресуди во корист на Џони Деп и ги отфрли наводите на неговата поранешна сопруга, која тврдеше дека Деп постојано физички и сексуално ја малтретирал. Судот на актерот му досуди отштета од повеќе од 10 милиони долари. Сепак, Амбер рече дека верува дека социјалните мрежи влијаеле на исходот на пресудата.

Серија Деп против Хард треба да има премиера на Нетфликс на 16 август во Соединетите Држави, а датумите на прикажување во другите земји допрва треба да бидат објавени.

Треба да знаете
Последни објави