Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џамал Мусиала е избран за најдобар играч на тимот во сезоната 2022/23 од страна навивачите, објавено е на клупската веб-страница.
За 20-годишниот играч од средниот ред гласаа 46 отсто. Второто место му припадна на Матијс де Лихт, кој освои 28,3 отсто од гласовите и Томас Милер, за кого гласаа 8,2 отсто.
Мусиала минатата сезона забележа 47 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 16 асистенции. Вкупно за Баерн одигра 125 натпревари, постигна 31 гол и 23 асистенции.