Кинеската маска за заштита, „Фејскини“ летово се враќа во мода

Иновативните луѓе во Кина смислиле еден, според многумина – доста чуден начин на заштита од екстремните горештини лете. Се работи за маската „Фејскини“ којашто доста потсеќа на „фантомка“ и која според сѐ, станува битен дел од летната мода на Далечниот Исток.

Оваа маска е измислена 2004 година од Жанг Шифан, поранешнa сметководителка од крајбрежниот кинески град Кингдао. Изработена е од еластична ткаенина што главно се користи за изработка на костими за капење и нуркање.

Во 2019 година, Шифан претстави нови модели коишто го покриваат целото тело, а не само лицето и вратот. Во последно време е зголемена продажбата, воопшто – на производи за заштита од сонце, како капи, очила за сонце.

„Фејскини“ чини два до четири долари, додека посебните модели (оние со натписи, уметнички цртежи и слично) чинат 16 до 24 долари.

Треба да знаете
Последни објави