На 24.07.2023 во 20.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.