Еден од најдобрите тенисери во светото, сопственик на многу рекорди во „белиот сдпорт“ Србинот Новак Ѓоковиќ кој го почна својот одмор на својата јахта со релаксација по Јадранско Море. Ноле од Црна Гора замина во Хрватска каде привлече големо внимание. Ѓоковиќ ужива во својата јахта на која и даде многу важно име во неговиот животот.
Јахтата ја нарече Тара, што е и името на неговата ќерка .
Новак вплови во пристаништето Груж во Дубровник. Во тој дел на хрватскиот град има голем број многу скапи јахти, така што и Ѓоковиќ стана дел од таа прекрасна галаксија на пловни објекти.
Веднаш по Вимблдон каде не успеа да го одбрани трофејот, во финалето беше поразен од младиот Карлос Алкараз, соопшти дека нема да настапи на Мастерсот во Канада, туку дека ќе се подготвува за претстојниот УС Опен во Синсинати.