Синот на Леброн Џејмс, Брони (18) доживеа срцев удар за време на тренингот и итно беше префрлен во болница.
Според познатиот новинар Шамс Шаранија, тој е во стабилна состојба и сега се опоравува.
„Брони Џејмс вчера доживеа срцев удар за време на тренинг. Медицинскиот персонал успеал веднаш да му пружи помош и да го однесе во болница. Тој сега е во стабилна состојба и повеќе не е на интензивна нега. Бараме почитување и приватност на семејството на Леброн Џејмс и ќе ги ажурираме медиумите кога ќе станат достапни нови информации. Леброн и Савана сакаат јавно да ја изразат својата длабока благодарност до медицинскиот персонал на Универзитетот „УСЦ“ и до вработените во спортскиот сектор за нивната неверојатна работа и посветеност на безбедноста на нивните спортисти“, се вели во соопштението објавено по тој повод.
Се очекуваше Брони да помине само една година на факултет, по што, според најавите, требаше да замине на НБА драфтот во 2024 година. Сепак, сега останува големото прашање дали ќе ја продолжи кариерата по овој страшен настан.
Леброн го доби својот најстар син кога имаше само 19 години. Мајката на Брони, Савана Бринсон, имаше 18 години во 2004 година, а парот се венчаше во 2013. Дотогаш талентираниот Брони веќе добиваше понуди да оди на факултет, што Леброн јавно го критикуваше и истакнуваше дека не е нормално некој да скаутира 10-годишно дете.
Леброн има одличен однос со синот, често доаѓа да го види и постојано изјавува дека планира да игра со него во НБА пред да му заврши кариерата. Проекциите за неговата драфт-позиција се различни, а Леброн наводно одбил долгорочен договор со Лејкерси за да биде слободен агент кога некој тим ќе го драфтува Брони.