Приштински медиуми објавија видео снимки во кои лица вклучени во криминални активности го споменуваат името на претседателот на собранието на Косово, Кадри Весели, што тој негира.
-Оваа недела некои медиуми објавија видео снимки во врска со случајот на организиран криминал, во кои луѓе обвинети за проневера и други сериозни злосторства, го споменаа моето им. Немам никаква врска со тој случај, ниту со луѓето што се вклучени во тоа , изјави Весели.
Тој посочи дека ако се докаже неговата вмешаност во таа афера, ќе поднесе оставка.