Историјата ќе покаже дека во 2015 година, германската канцеларка Ангела Меркел донесе правилна одлука за бегалците, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за германскиот „Билд”.
-Ако таа ја затвореше германската граница, Австрија и Унгарија немаше да ја издржат тежината на бегалците. Тоа е вистината, смета Јункер.
-Меркел ниту ја водела ниту ја разединила ЕУ, истакна претседателот на Европската комисија, додавајќи дека тоа не е во моќ на еден човек.
-Во Европа секогаш ви требаат сигурни сојузници и многу пријатели ако сакате да постигнете нешто, нагласи тој.