Килијан Мбапе, францускиот фудбалски репрезентативец од редовите на шампионот ПСЖ, денеска го напуштил Париз и заминал во непознат правец. Изминативе денови Мбапе тренираше со играчите кои се отпишани од ПСЖ, а како што пренесуваат француските медиуми денеска побарал слободни денови и експресно го напуштил Париз.
Не е познато каде се упатил еден од најдобрите светски фудбалери, но факт е дека побарал неколкудневен одмор.
Според информациите, на тренинзите на групата отпишани фудбалери треба да се врати во понеделник. Јасно е дека неговата епизода во првиот тим е завршена, а клубот со сите сили сака да се ослободи од него.