Истражување на „Мост“: Руската пропаганда засилено напаѓа на македонскиот онлајн простор

Руската пропаганда засилено напаѓа на македонскиот онлајн простор. По руската агресија во Украина се засилува и ширењето на пропагандата во Македонија, чија цел е внесување раздор во општестовото и запирање на процесот на интеграција во ЕУ, покажува студијата на невладината „МОСТ“. Социјалната мрежа „фејсбук“ е еден од центрите каде се детектирани развиени и координирани мрежи кои ја засилуваат руската пропаганда, дезинформациите и манипулациите со информации.

Повеќе од 4. 000 статии и 10. 000 постови на социјалната мрежа „фејсбук“ се идентификувани и анализирани во рамки на студијата за руската пропаганда. Ова е прва ваква студија во земјава и регионот и се работело во период од 1 март 2022 до 28 февруари годинава.  Во функција на ширење на руската пропаганда во земјава се вклучени и „домашни актери“, кои го овозможуваат и засилуваат тоа, или ги пренесуваат пораките.

„Обемот, фреквенцијата и интензитетот на забележаните наративи покажуваат дека Северна Македонија и Балканот се високо на агендата на Кремљ, рече Росана Алексоска, од граѓанската асоцијација МОСТ, презентирајќи го истражувањето.

Таа вели дека студијата потврдува оти руските операции за влијание имаат за цел да поттикнат поделби во општеството, да ја поткопаат довербата во институциите и да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните.

Од почетокот на агресијата врз Украина, државите од поранешната Југославија секој месец се спомнувале во погрешен контекст од највисоки функционери од Кремљ.

Треба да знаете
Последни објави