Сликата за влез во земјава на Табановце и за излез на Богородица и ова утро на граничните премини е непроменета. На видеата од камерите поставени на граничните премини се гледаат колоните возила на Богородица кои чекаат за влез во Грција. Оклу 45 минути се чека на Табановце за влез во Македонија според АМСМ, додека според сведочењата на луѓто на граничниот премин, челањата се подолги.
На овие два гранични премини последниот месец речиси секондневно во одделени делови од денот има големи гужви со оглед на тоа дека покрај макеоднските туристи, низ земјава минуваат и Србите, но и други странски туристи кои одат за Грција.