ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДСМ да говори за чување на македонскиот јазик

Срамно е СДСМ да говори за чување на македонскиот јазик.

Владата на СДСМ и Зоран Заев ништо не направија за македонскиот јазик.

Заев го излажа Институтот за македонски јазик. Македонистите не добиваат ниту денар од Буџетот за заштита на нашиот јазик.

Во време кога расипнички се трошат милиони за кожни фотелји и криминални тендери, ниту денар не се одвојува за македонскиот јазик. Ова е најголемата трагедија за нашиот јазик во 28 години независност на државата.

Додека земјите во светот го чуваат својот јазик, го негуваат и унапредуваат, СДСМ го деградира. СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој го сведе од официјален јазик на еден од двата службени јазици во рамки на државата.

Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик претставува  и негрижа кон државата и граѓаните.

Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста.

 

Треба да знаете
Последни објави