Оскаровецот Џефри Раш доби 1,96 милион австралиски долари кога го тужеше за клевета таблоидот во Сиднеј, кој тврдеше дека сексуално малтретирал млада актерка.
Минатиот месец сојузниот суд во Сиднеј утврди дека Раш (67) бил наклеветен во текстовите објавени во 2017 година и му додели отштета од 850.000 долари.
Во четвртокот судот му додели уште 1,96 милион долари камата и надоместок за губење на заработувачката во минатото и во иднина поради влијанието на текстовите врз неговиот углед.
Исплатата од 2,8 милиона долари е најголемата отштета за клевета во Австралија што некој ја добил од судот, според австралиската телевизија Еј-би-си.
Раш го тужеше „Дејли телеграф“ во 2017 година за клевета поради текстовите во кои се тврдеше дека сексуално вознемирувал и непримерно допирал една млада женска ѕвезда за време на изведбата на „Кралот Лир“ во Сиднеј во 2015-2016 година.
Таблоидoт ќе поднесе жалба на пресудата.