На 75-годишна возраст почина ѕвездата на српската и југословенската кинематографија Душица Жегарац, соопшти Здружението на филмски актери на Србија.
Родена е во Белград во 1944 година и меѓу другото играше во филмовите „Скалите на храброста”, „Саша”, „Будење на стаорци” и други.
За главната улога во филмот „Опклада” на Здравко Рандиќ, била наградена со „Златната арена” во Пула.
Истата награда ја добила и за улогата во филмот „Специјален третман”.
Добитник е на наградата „Павле Вуисиќ” за животно дело.