Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во денешното свое гостување во емисијата „За или против” зборуваше за пораките на владините функционери кои се однесуваа на Уставните измени и иселувањето и укажа дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е јасен,прецизен и ќе биде доследен. А пак во врска со иселувањето порача дека за тоа е одговорна власта, бидејќи институциите се во нивни раце.
-Пораките на владините функционери беа насочени кон Уставните измени кои што нема да се случат. Значи година дена и повеќе измина она што тие го замислија и она кое тие го планирале нема да се оствари. ВМРО-ДПМНЕ е јасно по ова прашање. Меѓутоа мене повеќе ме интригира моментот што и претседателот на државата и премиерот се повикуваат на прашања што ги поставуваа кога беше СДСМ во опозиција, иселување на младите. Се сеќавате дека редеа кондури пред Собрание, пред влада и тоа така помина, и сега 7 години подоцна бројот на млади иселени од државата е 700 000, а тиа како критикуваат од страна, па тие се централна власт, тие ги диктираат условите и тие ги раководат институциите, тие би требало да одговараат на прашањата за иселување, кога веќе го зголемија иселувањето, мислам дека не треба да се обидуваат да ја префрлаат вината на било кој , бидејќи овдишок е никој не го купува тоа како информација, никој не им верува понатаму. Интересно е што се осврнуваат како да се во опозиција на говори сметајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на нивните тригери на некој поинаков начин. Нашиот став за уставите измени е јасен, прецизен , концизен и ќе биде доследен, потенцираше таа.
Пратеничката Мизрахи во своето гостување се осврна и на тоа како се славел Илинден пред неколку години, а како се слави сега.
-Ова се сведува на концептот „Дојде живот за сите„ и „Рамо до рамо”, значи чиста пропаганда и пи-ар стратегии ништо по егзискуција ништо направено низ институциите за граѓаните, едне куп лаги кон граѓаните и кои што кулиминираат со распродажба со се она што е национален богатство на оваа држава.Значи не зборувам тука за струја, вода, храна само како ресурси, туку зборувам и за она што е историја, култура, традиција на македонскиот народ и што очекуваа да стане. Значи да сега сме сведоци на една тажна слика, празен пат, народ нем , за разлика од некогаш, исвиркувани се оние од власта што и е за очекување. Ние се сеќаваме на моменти од минатото кога имало многу народ, кога имало многу музика, кога било многу весело,кога се вееле многу занимиња и навистина Илинден се прославувал онака како што јас би сакала да се прославува, сепак не би сакала да се очајува на овој ден бидејќи ќе има и нареден Илинден, 121 Илинден кој што ќе се прослави на поинаков начин, рече таа.
Мизрахи понатаму се осврна и на пораките од Бугарија за заедничката историја и нивното видување на Илинденското востание.
-Граѓаните се сведоци на она што се случува апропо Илинден и во Бугарија, меѓутоа вие не можете да контролирате што се случува на туѓа територија. Јас велам дека е само во ред да се памети во секој случај, кој беше тој кој што ја отвори Пандоината кутија па преговараше за некаква заедничка, споделена историја, иако му беше алармирано на Заев дека ќе направи огромна штета на државата, и ќе врзи чвор на нашата држава кон евроинтегративниот пат, и тоа се случи. И еве сега имаме чествување на Илинден, прослави кои го опфаќаат и Гоце Делчев, преземања на историското минато на Македонија и преговарање на истото, рече Мизрахи.
Мизрахи посочи дека за историјата не се преговара.
-Знаете за историја не се преговара, не се седнува на таква маса на која што ќе дискутирате за своето минато, објасни таа и додаде дека ниту една држава тоа не го дозволува да се преговара, освен во Македонија со Заев и Ковачевски.