Манекенката која беше годинешна Мис на Венецуела, Аријана Виеира, загина во јули во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида, дознаваат американските медиуми. Таа имаше само 26 години.
Мајката на Аријана, Вивијан Очоа, се огласи за да каже дека нејзината ќерка заспала додека возела од замор, кога удрила во возилото пред себе.
Брзата помош пристигнала брзо и двапати ја оживеале нејзината ќерка, но таа починала на пат кон болница.
Ја оживеаја и потоа доби срцев удар. Повторно ја оживеале, но таа починала кога ја однеле на трауматологија“, рекол Очоа, пренесува „The Sun“.
„Мојата девојка заспа, беше уморна“, додала неутешната мајка.
Почина во деновите кога се подготвувала да учествува на модна ревија во Њујорк.