ерманскиот шампион Баерн ќе му испрати на Манчестер сити понуда тешка 80 милиони евра за напаѓачот Лирој Сане.
Како што се шпекулира во германските медиуми, претседателот на Баварците, Ули Хенес посочената сума ја поставил како лимит за евентуално реализирање на овој трансфер.
Англичаните бараат 100 милиони евра па сега зависи од нив дали ќе се согласат со намалување на цената.
Претходно беше објавено дека Сане е незадоволен од недостатокот на постојано играње на натпревари и бил подготвен да го разгледа предлогот на Баерн кој пак е во потрага по замена за Арјен Робен и Френк Рибери.
Оваа сезона, Сане настапи на 47 натпревари за Манчестер сити, постигна 16 гола и оствари 14 асистенции.