Топлотниот бран го ограничи движењето, ги намали работните активност и ја запушти уреденоста на градот Скопје. Покрај нечистотијата која може да се забележи на секоја страна расфрлано ѓубре и исфрлање од несовесните сограѓани на кабаст отпад покрај контејнерите, деновиве жителите од најурбаниот кварт во Скопје, населбата Аеродром се жалат дека им е загрозена безбедноста во одвивањето на сообраќајот, преминувањето преку сообраќајниците, возењето со алтернативните превозни средства, мотоцикли, велосипеди, тротинети…
Кај „Порта Аеродром“ ги демне сообраќајна неизвесност токму поради неискастрени грмушки кои се засадени да ги разубавуваат булеварите и улиците.
На крстосницата каде се сечат булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“, „Јане Сандански“ и улицата „Фрањо Клуз“ од запуштено зеленилето непрегледноста може да доведе до несакани сообраќајни инциденти. Граѓаните апелираат надлежните, од градот за булеварите и од општината за улицата, час поскоро да излезат на терен, во раните утрински часови или доцните вечерни кога температурите се поподносливи и да си ја завршат својата обврска, како би ја елеминирале загриженоста за безбедното движење на сите учесници во сообраќајот.