Клаксвик од Фарските острови приреди сензација во фудбалската Лига на шампиони, со елиминацијата на шведски Хакен во второто квалификациско коло.
Првиот натпревар заврши без голови, а реваншот во Шведска без победник (2:2) во регуларните 90 минути. Во продолженијата двете екипи постигнаа уште по еден гол и победникот се решаваше на пенали.
Екипата од Фарски Острови има само 5.000 жители и ќе игра групна фаза во Европа без разлика дали ќе биде елиминирана во следното коло од ЛШ. Тимот од Фарски Острови со овој подвиг веќе има обезбедено пласман во групите од третото по ранг клупско натпреаврување Конференциската лига.