Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, исполнети се сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени.
Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.
Се што треба ДПМНЕ и Мицкоски да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени.
Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата.
Наспроти лагите на Мицкоски и ДПМНЕ, македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, денес се меѓународно заштитени и потврдени.
Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент.
Сето тоа е потврда за успешната меѓународна политика на Владата предводена од СДСМ.
По 17 години во чекалната, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.
Сега е време за нов, сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година.
Затоа, секоја пратеник, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот.
Се друго е дејствување спротивно на врвните државни и национални интереси.