Телото на мажот со иницијали Ф.Р од село Никуштак кој од 30 јули се води како исчезнат во водите на езерото кај браната Глажња и по кој интензивно се трагаше изминативе денови е пронајдено и, како што дознаваме од армиски извори, во тек е неговото извлекување.
На 30ти во попладневните часови во Центарот за управување со кризи- Куманово било пријавено дека маж на возраст од 30 години влегол во водата на езерото кај браната Глажња, меѓутоа не излегол од истата.
Шест нуркачи од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и осум други од Баталјонот за специјални намени „Волци“, заедно со припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) изминативе денови интензивно работеа на пребарување на еезерото.